Računovodstvo, IT rešitve in davčno svetovanje

Kapucinski trg 11

4220 Škofja Loka

+386 4 506 04 00

Sončni Log 7

1370 Logatec

+386 1 360 20 47

Ljubljanska cesta 28

8000 Novo mesto

+386 1 360 20 26

Petrovče 256

3301 Petrovče

+386 3 424 43 11

Titova cesta 2a

2000 Maribor

+386 2 205 88 37

Rožna ulica 4

5280 Idrija

+386 5 777 55 00

Cesta 4. julija 24

8270 Krško

+386 65 557 712

fb fb fb fb
9. aprila, 2025

Координатор за учење и развој (MKD)

Бараме сигурен координатор кој ќе се грижи за нашите стручњаци да останат стручњаци.

Нашите вработени се врвни стручњаци во своите области. Вашата задача ќе биде да осигурате дека така и ќе остане. Областите во кои работиме се динамични и брзо се менуваат. Нашиот опсежен и темелен систем на обуки се грижи нашите вработени да бидат секогаш во тек со најновите откритија и прописи и врвно стручни. Овој систем бара доверлив, активен и искусен координатор. Ако тоа сте вие, сакате да ни се јавите. Ќе бидеме среќни да ве запознаеме. Аха, секако, ќе ги координирате обуките и за себе. Очекуваме и вие да останете стручни во вашата област.

ЗА НАС

Унија Смарт Акаунтинг е меѓународна сметководствена компанија која е дел од водечката светска ETL мрежа. Нудиме висококвалитетни услуги во областа на сметководство, советување и напредни ИТ решенија. Нашите клиенти се водечките меѓународни и домашни компании кои имаат потреба од врвна и сигурна поддршка. Нашите колеги се водечки стручњаци во своите области, а редовната и систематска едукација гарантира дека тоа така и ќе остане. Нашата амбиција е да обезбедиме инспиративна работна средина и висока бизнис култура

РАБОТНО МЕСТО

Како координатор за учење и развој, обезбедувате поддршка за професионалниот развој на вработените преку оперативни задачи, управување со платформата за учење (LMS), како и преку координација на обуки и развојни иницијативи, со можност за понатамошен професионален развој и преземање пошироки одговорности во областа на учењето и развојот.

Вашата работа ќе вклучува и:

  • Управување и редовно ажурирање на LMS платформата;
  • Координација на обуки, работилници и вебинари;
  • Комуникација и соработка со внатрешни тимови и екстерни тренери;
  • Поддршка во процесот на воведување нови вработени и развој на планови;
  • Следење на учеството и евалуација на успешноста на обуките.

БЕНЕФИТИ

Како вработени во Унија група, имаме бројни поволности кои ни овозможуваат да напредуваме во професионален и личен контекст. На тој начин можеме подобро да се грижиме за квалитетот, односите се многу подобри, а работата едноставно попријатна. На сите вработени им нудиме:

  • Индивидуален годишен буџет за едукација;
  • Систематска грижа за можностите за професионален развој и напредување;
  • Можност за избор на хибриден модел на работа (2 дена во канцеларија, 3 дена на далечина);
  • Можност за работа од дома (1 ден) за сите кои нема да го изберат хибридниот модел на работа;
  • Скратено работно време во петок;
  • Повремено можете да работите во било која единица на Унија во регионот, од Љубљана и Загреб, до Сараево, Белград и Подгорица, па дури и во Тиват и Задар.

ПОСЕБНИ ПОВОЛНОСТИ НА ВАШЕТО РАБОТНО МЕСТО

  • Варијабилно наградување;
  • Флексибилно работно време.

ШТO OЧЕКУВАМЕ

  • Претходно искуство во областа на учење и развој, човечки ресурси или слични области;
  • Посакувано познавање на LMS платформи (нпр. Moodle, TalentLMS и сл.);
  • Активно знаење на англиски јазик и еден од јазиците кои се зборуваат во регионот    (српски, хрватски…);
  • Посакувано знаење на германски јазик;
  • Добри комуникациски и организациски вештини, прецизност и проактивност.

ЛОКАЦИЈА

Радното место на kоординатор за учење и развој се наоѓа на адресата ул. 8. Ударна Бригада, бр. 39, Центар Скопје.

ПРИЈАВА

Доколку сметате дека улогата на kоординатор за учење и развој е интересен предизвик во вашата кариера и сакате да работите со нас, ве покануваме да ни го испратите вашиот CV на е-mail адресата hrm@unija.com .